-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Владата ги усвои измените на клучните закони за процесот на дигитализација

Најчитани вести

На денешната седница Владата ги усвои измените на следниве закони: Законот за личната карта, Законот за матичен број, Законот за државјанство на РСМ, Законот за личното име, Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.

„Со новите измени се овозможува граѓанинот да може да поднесе барање и преку средство за електронска идентификација преку Националниот портал за електронски услуги, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги. Вооедно, потребните документи кои се потребни во постапката, институцијата ги прибавува по службена должност преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги.

Наведените закони, како прв дел од пакетот измени, ќе овозможат целосна електронска комуникација на сите нивоа и помеѓу сите субјекти во правниот промет, на начин што овозможуваат употреба на средства за електронска комуникација и електронска идентификација. Дополнително, овие закони овозможуваат електронско обезбедување на административни услуги, од поднесокот на барањето, до издавање на актот со кој завршува постапката. Во истиот контекст, наведените процеси имаат за цел дигитализацијата на процесите за кои се надлежни институциите од јавниот сектор и намалување на доказите кои граѓаните и бизнисите ги доставуваат во постапки за остварување на права или исполнување на обврски пред надлежни органи. Имено, процесот на дигитализација, како механизам за спречување на корупција ќе обезбеди намалување на човечкиот фактор, односно намалување на субјективното влијание на службениците кои ги водат постапките.

Исто така, овие измени се резултат на интензивната работа на Работната група за подготовка на измени и дополнувања на закони заради дигитализација на процеси определени со закон“, информираат од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com