8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Владата бара извинување од Мицкоски

Најчитани вести

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на телевизијата Канал 5 изнесе целосно неточна информација дека анкетата на „Брима“, објавена денеска од страна на медиум, била платена од владини пари на јавен тендер, соопшти владината прес-служба.

-Не постои јавна набавка за анкетата, односно истражување на јавното мислење на „Брима“, ниту, пак, таа е платена со пари на граѓаните. Ваквите лаги се неодговорно однесување кон јавниот интерес и имаат за цел да и наштетат на Владата доведувајќи ги граѓаните во заблуда и поткопувајќи ја довербата во институцијата, се вели во соопштението.

Од Владата бараат Христијан Мицкоски да им се извини на граѓаните и на Владата за, како што велат, ваквата груба лага.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com