27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Вкупно 168 казнети возачи во Скопје

Најчитани вести

Во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопе биле изречени вкупно 168 казни за сообраќајни прекршоци, информираат од министерството за внатрешни работи.

За непочитување на брзина на движење казнети биле 60 возачи, 23 санкции биле иречени за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР додаваат дека петтмина возачи биле казнети за управување на возило под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, пет возачи се санкционирани за минување на црвено светло и 16 за непрописно паркирани возила.

Од ресорното министерство велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести