20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Ви паднаа Gmail и Viber? Има едноставно решение

Најчитани вести

Многу корисници на Android телефони забележаа дека апликациите како Gmail, Viber или некои други не им работат.

Ако и Вам ви се случи тоа, имаме едноставно решение.

Од Google соопштија дека знаат за проблемот и може да направите лесна и брза постапка за да ги отворите вашите апликации без никакви проблеми.

Сè што треба да направите е да отворите Settings->Apps и да го најдете Android Webview, апликацијата која го прави проблемот и треба да се ажурира. За да ја скратиме работата, ќе ве испратиме директно до апликацијата во Google Play Store, каде што можете да ја ажурирате – само кликнете ОВДЕ.

Ова ажурирање е можно од неодамна, кога Google го реши проблемот, а претходно мораше да ги деинсталирате ажурирањата за да ви проработат апликациите.

Ако поради некоја причина не го гледате ажурирањето на Google Play Store, одете во Settings>Apps>Android Webview и потоа одберете uninstall updates.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести