7 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Вишеградската група разочарана од негативниот сигнал за Западен Балкан од ЕУ

Најчитани вести

Премиерите на земјите членки на Вишеградската група (В4) на состанокот пред денешниот Самит на земјите пријатели на кохезијата во Прага, предупредија дека се разочарани од Европската унија, поради тоа што испратила негативен сигнал до Западен Балкан, со недавањето датум за почеток на пристапни преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија.

Тие оценија дека погрешниот сигнал може да го забави забрзувањето на преговорите со Србија и Црна Гора. Велат и дека земјите од Западен Балкан може да ја изгубат волјата да ги спроведуваат тешките реформи кои се потребни за влез во ЕУ или дека на крајот ќе ја видат перспективата во соработка со Русија, Турција, Кина или со арапските земји.

Предупредија и дека ваквиот пристап кон Западен Балкан може да ја врати ЕУ во нова миграциска криза.

Izvor: REL

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести