14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Вицепремиерот Димитров во Белград на економски форум за Западен Балкан

Најчитани вести

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска ќе учествува на 21-от Економски форум во Белград како говорник на панелот: „ЕУ-Западен Балкан: Што може да очекуваме од состанокот на ЕУ во Словенија?“. Вицепремиерот Димитров и претставниците на ЕУ, земјите членки, Европскиот парламент и тинк-тенк секторот, ќе се осврнат врз актуелните прашања во врска со односите ЕУ-Западен Балкан и европските перспективи во контекст на претстојниот октомвриски Самит во рамки на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

Настанот се одржува во соработка со Делфи економскиот форум на кој Димитров учествуваше во мај годинава, како продолжение на дискусијата за политичка и економска соработка меѓу земјите во регионот и процесот на нивното интегрирање во Унијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com