Home » Витамин Д | Клучна улога во здравјето на коските и силата на имунолошкиот систем

Витамин Д | Клучна улога во здравјето на коските и силата на имунолошкиот систем

by Журнал.мк

Веројатно сте слушнале дека луѓето го нарекуваат витаминот Д витамин на сонцето. Причината е тоа што телото го создава со изложување на УВ зраци и кој, кога го имате доволно, може да ви го подигне расположението.

Но, придобивките од витаминот Д ја надминуваат насмевката на вашето лице. Тој всушност игра клучна улога во здравјето на коските, јачината на забите и силата на имунолошкиот систем.

Витаминот Д е витамин растворлив во масти. Неговата главна функција е да му помогне на телото да ги апсорбира и регулира калциумот и фосфорот, осигурувајќи дека тие се достапни за зајакнување на коските и забите. Исто така помага во апсорпција на магнезиум, кој ја поддржува функцијата на мускулите и нервите, како и нивоата на енергија“, објаснува за Prevention Мелиса Перст, портпаролка на Академијата за исхрана и диететика.

Постојат два вида на витамин Д – витамин Д2 и витамин Д3. Витаминот Д2 се наоѓа природно во некои растенија, додека витаминот Д3 се наоѓа кај некои животни и човечката кожа го произведува со изложување на сончева светлина. Според диететичарот Хедер Мангиери, Д3 се смета за посилна форма на витамин бидејќи „се покажа дека го подига нивото повисоко и подолго од витаминот Д2“.

Придобивките од витаминот Д

Витаминот Д е вклучен во многу метаболички патишта и научниците продолжуваат да ја истражуваат неговата улога во болести на срцето, дијабетес, депресија и мултиплекс склероза, меѓу другите.

Ги зајакнува коските и мускулите и имунитетот, придонесува за подобро здравје на срцето и го подигнува расположението.

Извори на витамин Д

Меѓу најдобрите природни извори на витамин Д се масните риби како лососот, туната, скушата и пастрмката, како и рибиното масло од црн дроб. Сирењата, жолчките, говедскиот црн дроб и печурките исто така имаат мали количини на витамин Д, додека храната како млекото, јогуртот, житариците и сокот од портокал често се збогатени со витамин Д.

„Тешко е да се добие доволно витамин Д само од храна. Треба да консумираме витамин Д и да се изложуваме на сонце за да се осигураме дека имаме соодветно снабдување за нашето тело“, пренесе „Прест“.

Недостаток на витамин Д

Недостатокот на витамин Д треба да се потврди со тест на крвта. Повеќето симптоми се нејасни, а други пак лесно се предвидуваат. Симптомите на недостаток на витамин Д вклучуваат замор, мускулна слабост, болки во коските и мускулите, повеќекратни фрактури или повреди на коските и промени во расположението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More