14 C
Skopje
Thursday, May 6, 2021

Витаминот Д помага во губење на килограмите

Најчитани вести

Веќе знаеме дека витаминот Д е многу важен и неговото конзумирање има многу поволности за нашето здравје, како подобрување на имунитетот и зајакнување на коските. Дали сте знаеле дека постојат докази дека овој витамин помага и во процесот на губење килограми?

Луѓето со вишок килограми имаат помалку витамин Д во организмот

Истражувањата покажале дека луѓето со повисок индекс на телесна маса и повеќе масти во организмот имаат пониско ниво на витамин Д во крвта. Ова само покажува дека на покрупните луѓе им е потребно дополнително внесување на витамин Д. Некои истражувања покажуваат дека губењето килограми може да вллијае на промена на нивото на витамин Д во крвта. На пример, при едно истражување се покажало дека учесниците кои изгубиле 15% од својата телесна маса, искусиле трократен пораст на витамин Д, за разлика од оние кои изгубиле 5-10%.

Поголемата количина на витамин Д во организмот може да помогне во процесот на губење килограми

Одредени докази наведуваат дека доволна количина на витамин Д во организмот можат да го забрзаат процесот на губење килограми и да помогнат при намалување на маснотиите во телото. Витаминот Д може да го забави процесот на враќање на килограмите. Едно истражување спроведено на 4.600 постари жени открила дека нивото на витамин Д е директно поврзано со побавното враќање на претходно изгубените килограми. 

Како витаминот Д помага во губење на килограмите?

Неколку истражувања покажале дека витаминот Д потенцијално го намалува создавањето на нови масни наслаги во организмот. Помага и во спречување на складирање на маснотиите во телото.

Витаминот Д може да го зголеми нивото на серотонин, хормонот на среќата.

Витаминот Д го контролира апетитот, ситоста и количината на внесени калории.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести