-3.7 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Вистински културен спектакл низ Скопје – ТАМАРА ТОДЕВСКА блескаше во „Звуците на Чаршијата“

Најчитани вести

Во Скопје веќе трет ден по ред се одржува манифестацијата „Звуците на Чаршијата“. Овој културен настан кој го бележи оваа година 13-тото издание, собра во едно место многу уметници не само од земјата, туку и пошироко.

Покрај Камениот Мост во Скопје, синоќа многубројни пејачи, меѓу кои и Тамара Тодевска приредија вистински спектакл.

Фејсбук

Тамара се појави со посебен моден стил како и секогаш. Концертот собра голем број млади луѓе во публика, а се пееше на разни јазици.

Фејсбук

Од сликите објавени на Фејсбук од страна на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу можеме да ја „уловиме” атмосферата од синоќешниот концерт.

“Скопје во фантастична атмосфера ги доживува емоциите кои ги пренесува културната манифестација “Звуците на Чаршијата“ 13 пат по ред! Вистински спектакл создадоа sвездите на нашата музичка естрада Дафина Зеќири, Ил Лимани, Луми Б, Тамара Тодевска и Ди-џеј Електрон. Звуците на Чаршијата се најдобриот промотор на вредностите кои ги поседуваме, но и на соживотот за здрава иднина на нашата земја. Токму заради ова причина, заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, директорката на Културниот Информативен Центар г-ѓа Сермине Пурини и многу спонзори се погриживме на нашите плоштади, звуците на музиката и ремек делата на нашата култура да ја оживеат нашата душа и да не соединат околу убавото“, напишал Ганиу на официјалниот профил на Општина Чаир на Фејсбук./slobodenpecat.mk/

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести