-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Вистината на претседателот Пендаровски боли!

Најчитани вести

Родени сме да не ја сакаме вистината зашто таа боли. Сакаме за нас да се кажува само она што е во наш интерес.Такви сме и по менталитет, а и како народ сме такви. Полни сме со инат. Со омраза. Прашина „креваме“ и го оцрнуваме секој што не кажува по наше. Токму така. Вистината, што ја кажа претседателот Стево Пендаровски на „нож“ беше пречекана. Опозицијата „уста не затвори“. Зошто?. Што кажа Пендаровски!?. Ја кажа вистината и ништо друго. Кажа дека досега во Северна Македонија ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ДУИ и сите други не создадоа ни минимални услови за добар живот. Дека токму за тоа младите си заминуваат.

Зар тоа не е вистина. Зар Пендаровски излага. Не, не. Грешката е во тоа што опозицијата изјавата ја виде од друг агол. Забораваат дека младите не „тргнаа“ на печалба вчера. Дека најголем број родниот праг го напуштија за време на десетгодишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Не од арнина. Поради немањето на работа и минималните плати кои не ги задоволуваа ниту минималните услови за нормален живот, ги натераа младите стручњаци да си заминат. Првите бугарски пасоши ги зедоа тогаш. Реката на иселување, заради иста „песна“, продолжи и за време на СДСМ. За живот од сто педесет до двеста евра не останаа лекарите, инжинерите, добрите механичари, машинобравари, електричари, конобари и кој ли уште не. На газдите и челниците на Партиите не им беше „гајле“ што за десетина години Македонија се преполови. Градовите останаа празни. Што не кажа точно претседателот Пендаровски?.Што?. Кажа дека и тој, доколку не е претседател, за плата од двеста евра, не би останал. И тој би заминал.

Неговата изјава ја критикуваат оние што земаат „дебели“ плати, а ништо друго не работат освен „што нишаат врата, а земаат убава плата“. Претседателот Пендаровски без пардон и за Георгиевски и за Груевски, Мицковски, Бучковски, Ахмети, Заев рече дека сите тие се најголемите виновници што не му обезбедија на својот народ достоен живот. Да, Пендаровски ја кажа вистината. Кажа дека ако се продолжи како досега, младите и во „синџири“ да бидат ставени, ќе ја напуштаат Македонија. Не може Северна Македонија да биде сопственост на десетина или дваесет „големци“ кој освен за својот „џеб“ за другите да не мислат.

Пендаровски го повика сегашниот премиер Заев, а упати повик и до сите идни претседатели и премиери, ако не сакаат Македонија да остане празна, мораат на народот да му обезбедат достоен живот. Македонецот убаво знае дека дома му е најдобро. Каде и да отиде секогаш ќе биде странец, туѓинец. Тоа им го порача на сите претседателот Пендаровски. Вистината ја кажа. А таа боли. Многу ги боли челниците и од опозицијат и од позицијата. Ништо повеќе не рече. А ако вистината ги „ погоди“, сите оние , за кои тука е рај, слободно можат да критикуваат, плукаат. Но не треба да заборават дека еден ден Македонија ќе остане празна.

Стоилко Андреевски

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com