10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Висок претставник на СЗО: Најмоќните луѓе во светот да ја поништат срамната глобална нерамнотежа во пристапот до вакцини

Најчитани вести

СЗО ги повика 20-те најмоќни лидери во светот да ја поништат срамната глобална нерамнотежа во пристапот до вакцини против Ковид-19.

Брус Ајлвард, канадски епидемиолог и висок функционер на СЗО, оцени дека светот треба да биде згрозен и се прашува дали ситуацијата ќе биде полоша доколку активно се обиде да спречи имунизација на најсиромашните жители на Земјата, објави лондонски „Гардијан“.

СЗО се повеќе изразува бес поради лицемерието на богатите земји, поради недоволната вакцинација во сиромашните земји.

Ајлвард е еден од најгласните застапници за еднаков пристап до алатки за борба против пандемијата меѓу службениците на СЗО. Тој апелираше да се влијае врз политичарите и највисоките деловни кругови и им објасни дека распределбата на поголем број вакцини за сиромашните земји не ги загрозува изборните резултати, ниту пак влијае на намалувањето на профитот.

„ Веројатно околу 20 луѓе во светот се од клучно значење за решавање на овој проблем на нееднаквост. Тоа се луѓе кои се на чело на големи компании или лидери на земји кои произведуваат вакцини. Потребни ни се тие 20 луѓе да одлучат да го решат овој проблем до крајот на септември, и велат дека ќе ја смениме оваа ситуација така што најмалку 10 проценти од населението во секоја земја ќе биде вакцинирано“, рече Ајлвард.

Светските медиуми објавија дека досега се користени околу 4,5 милијарди вакцини на глобално ниво.

Во земјите со високи приходи, 104 дози вакцина на 100 луѓе биле користени според категоризацијата на Светска банка, а во 29 најсиромашни земји, само две дози на 100 луѓе.

СЗО бара секоја земја во светот да вакцинира најмалку 10 проценти од своето население до крајот на септември, најмалку 40 проценти до крајот на оваа година и 70 проценти до средината на 2022 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com