Home » Високиот инспектор за правда на Република Албанија на средби во Јавното обвинителство

Високиот инспектор за правда на Република Албанија на средби во Јавното обвинителство

by Журнал.мк

Високиот инспектор за правда на Република Албанија Артур Метани денеска беше во посета на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, каде се сретна со јавните обвинители во државното обвинителство Џељаљ Бајрами и Соња Симовска.

На средбата, на која присуствуваше и амбасадорот на Република Албанија во земјава Фатос Река, се разговараше за организацијата на јавнообвинителските структури во двете земји, со посебен фокус на размената на искуствата за организацијата на системите за надзор над работата и за утврдување дисциплинска одговорност на јавните обвинители.

Иако системите за одговорност и контрола во двете земји се разликуваат, присутните нагласија дека најважно е тие системи ефикасно да функционираат и да се избегне секакво влијание врз постапките. Во рамките на посетата на Скопје, во текот на вчерашниот ден, Метани оствари средба и со претседателот на Здружението на јавните обвинители Елвин Вели.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk