Home » Високата мода на Malikowsky ја разгори битолската модна писта

Високата мода на Malikowsky ја разгори битолската модна писта

by Журнал.мк

Младиот македонски моден дизајнер Muamed Malikowsky е веќе добро познат на целата македонска јавност и пошироко, откако веќе за него пишувавме и во нашите претходни објави. Имено, Malikowsky е човекот кој со своите креации и уникатен стил предизвика навистина голем бум во модниот свет уште на почетокот на неговото појавување. Тој продолжува секојдневно преку својата работа да ги освојува нашите и срцата на илјадници жени, љубители на модата и модните трендови.

Па така, во саботата на 10.06.2023 година во Битола, во просториите на културно – информативниот центар „Офицерски Дом“ се оддржа второто издание на “Креативен ден 2023 Битола“ – модна ревија, во организација на професорите од текстилниот смер при СОУ „Таки Даскало“ – Битола и продукција „Божилович“. Организаторите настанот го опишуваат како линк меѓу образованието и бизнис секторот и има за цел да се даде поддршка на стручното образование, поттик на претприемништвото меѓу младите и секако поддршка на модната култура и локалните модни дизајнери. Креациите ги носеа успешни претприемачки и препознатливи дами битолчанки во својата професија.

Креацијата на Malikowsky како моден дизајнер – ментор и на неговиот тим, беше повеќе од очигледно дека несомнено ја распали модната писта во Офицерскиот Дом. Долга црна тоалета, раскошна со голема доза на драматичност, што е карактеристично за неговиот стил на творење, одекна како вистинска експлозија во просторот.

„Креацијата која ја создадовме е сублимат на гламурот, елеганцијата и луксузот на едно место. Инспирирани од асиметријата и црната боја, сметам дека совршено ја отсликува моќта и храброста на една жена! За изработка на истата можеби ни беа потребни два месеци, започнувајќи со цртање на првичната илустрација, па консултација со моделот и секако внимателна и прецизна работа на најситните детали.“ – вели Malikowsky.

Публиката беше восхитена и позитивно изненадена, од изработката и фустанот на Malikowsky; дел од коментарите беа дека истиот потсетува на големите светски модни дефилеа, а дел беа среќни и вчудоневидени што токму ваков човек живее и твори од Битола. Реакциите продолжија и по завршувањето на настанот, на коктелот, кога голем број посетители побрзаа да се запознаат и поразговараат со Malikowsky.

Моделот, кој што ја носеше и презентираше креацијата беше препознатливата и успешна дама – Емилија Сарафска, која и е позната на јавноста, а моментално ја извршува функцијата на Советник за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во општина Битола.

Меѓу другото, Malikowsky неодамна ја организираше и неговата прва модна ревија во соработка со доста познатиот фризер и претприемач Сенер Агушевски, во хотел Мериот во Скопје, каде ја презентираше неговата втора колекција на женски тоалети пролет/лето 2023, насловена како „TRIUMPH”. Секое едно парче плени со својата убавина и луксуз, па така доколку сакате да изгледате незаборавно и уникатно, топло Ви препорачуваме да ја погледнете истата на неговите официјални Инстаграм и Фејзбук профили – @malikowsky_official, @malikow.sky и Malikowsky Couture.

Исто така, веќе добро ни е познато дека Malikowsky работи и креира и за српската естрада и за целата македонска елита, меѓу кои и Валентина Бајрам – најмалата од семејството на Амди Бајрам и заменик-директор на Градски трговски центар – Скопје, за која Malikowsky вели дека освен што му е добра пријателка, таа е една од неговите најголеми поддржувачи уште од самиот почеток и му претставува голем предизвик да креира за жена со таква модна култура и модно ниво како нејзиното. Нивната заедничка креација, која Валентина ја носеше на Ромски Бал во Александар Палас оваа година, едноставно беше достојна за црвен тепих и настан како мет гала.

Malikowsky не сакаше многу да ни открие за неговите идни планови и соработки, со што со сигурност не остави во блага дилема и возбудливо исчекување да видиме што понатаму.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk