30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Вирусот ебола повторно се појави во Конго

Најчитани вести

Вирусот ебола повторно се шири на истокот на Демократската Република Конго, каде Светската здравствена организација (СЗО) испрати тим на епидемиолози по смртта на една жена од таа болест и три месеци по прогласувањето на крајот на претходната епидемија.

„Вирусот ебола повторно се појави на истокот на ДРК“, изјави за државната телевизија министерот за здравство на Конго, Етани Лонгондо.

Тој потврди дека жената починала на 3 февруари во околината на Биена, на истокот од земјата, и дека анализата на примерокот на крв покажала дека е позитивна на вирусот ебола.

Африканската канцеларија на СЗО соопшти дека епидемиолозите спроведуваат теренска истрага во селото Биена и дека се откриени 70 контакти на починатата.

Новиот случај е пријавен откако на 18 ноември лани официјално беше прогласен крај на единаесеттата епидемија на ебола во северозападната провинција Екватор, која однесе 55 животи од 130 пријавени случаи.

Министерот за здравство не ја прогласи дванаесеттата епидемија на ебола, но предупреди дека постои постојана опасност од повторно појавување на ебола во Конго.

Вирусот ебола, откриен во 1976 година од Питер Пиот и меѓународен тим, во кој учествуваше и професорот од Конго, Мујембе, се пренесува на луѓето од заразено животно.

Се пренесува од човек на човек со телесни течности, а главните симптоми се треска, повраќање, крварење и дијареја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести