17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Вирусот, банките и копнежот

Најчитани вести

Неодамна, во разговор со колегите од Хајделберг и Франкфурт, ја отворимве темата за една од највлијателните жени на веков, би рекол за мене, која остава силен траг, како за ЦДУ, така и за Германија. Таа, полека заминува од политиката, иако е во време кога има највисок рејтинг, би додал, можеби во време кога е највеќе потребна на земјите во Европа, но и за нас – земјите од Западен Балкан. Но, такви се Германците. Тие, знаат кога е доволно, дури и тогаш, кога широките маси се целосно на нивна страна. Тука, мислам на канцеларка Ангела Меркел – жена која плени со нејзината тивка доминација, скромност и смиреност. Бев сведок на бројни средби, изминативе години со некои од луѓето од окружувањето на канцеларката во Бундестагот, а сега сум сведок на едно ново време, во кое истите тие, се трудат да создадат т.н. „пост-Меркел доба“. Ќе им биде тешко, затоа што, таму, има две крила за нов канцелар. Но, за тоа ќе анализираме понатаму…

Имено, канцеларката во една прилика, на затворена седница во ЦДУ, со право ќе истакне дека на германците им е преку глава од рестрикциите со пандемијата. Се сеќавам, таа јавно зборуваше за копнежот на нејзините граѓани по една нова стратегија за отворање, поточно, за состојба на целосно ослободување од рестриктивните мерките. Но, како што можам да заклучам, тие не се оптимисти во тој поглед. Практично, ако се отворат денес, поради силниот копнеж на гермаските граѓани за целосно олабавување, тоа ќе значи чекор напред „денес“, но два или три чекори назад „утре“. Оттука, согласно нивните извештаи, констатирам дека германската експертска јавност очекува следен бран. Тоа, ќе биде лошо. Секако, како прв причинител треба да се бара во новиот мутиран британски вирус од една, но и во пасивноста, па може да се каже, во скептицизмот на еден дел од германската популација за вакцинација, од друга страна. Резултатите, минатата недела (седум дена) покажуваа дека имаат стапка на заразување со околу 37 луѓе на 100.000 жители или двојно повеќе од претходно. Заклучкот е јасен: во Германија, опуштање не е на повидок.

Како да се најде брзо решение за ваквата состојба во Германија (читај: како да се најде решение или модел за нашиот македонски копнеж)?

За Германците, решението по копнежот за ослободување од ваквите состојби е помасовна вакцинација на луѓето преку стимулативни ефекти и влијанија од медиите. Зачудива фактот, што, иако се ко-производители на едена од вакцините (читај: Бионтек) сепак германците уште се движат, би рекол бавно, кон планот за имунизација. Денес, тие се во фазата на „прв круг“ имунизација за ризичните групи, старите и лекарите. За таа цел, еден од најпознатите германски виролози (мислам на Дростен), веќе неколку пати упатува апели за не-одбивање на вакцината на АстраЗеника. Имено, токму тука е проблемот. Германија има натрупано доволно количини од тој бренд, но егзистира висока стапка на отпорност од страна на германското население во таа насока. Сум на мисла, а ова го пишувам од стојалиште на економист, кој има грижа за економијата (првенствено на македонската економија), дека мора силните држави да направат максимални напори, со посредство на експерти – виролози, преку силни „PR“ и маркетинг канали за промовирање на следната теза: Сите типови на вакцини се екстремно добри, и нема друга алтернатива, освен – масовна вакцинација на секој човек! Државите, како што напишав и претходно, мора да заборават на глобална политичка борба при распределбата на вакцини, особено во ситуација на глобален копнеж за ослободување, како што има кај мене, а знам дека опстојува и кај сите вас, чувството на „како да чекаме нешто да се ослободиме“. Не ние, сиромашните, туку силните држави, како што се: Германија, САД, Кина, Русија и другите, треба да вложат напори за многу поорганизирана распределба на вакцините најнапред, а потоа и спроведување на помасовна имунизација на популацијата.

Политиката меѓу копнежот и стравот

Како што имав прилика да разговарам, а особено ќе биде интересно да се чуе тоа, на еден од идните настани во организација на германците од Хајделберг, а наменет за Балканот, (читај: Балканската недела на бизнисот), во кој, ќе се говори за економската состојба во ЕУ, со особен осврт на Германија, земја, која може да најавува позасилена соработка (во делот на извозот на германските продукти) со Кина. Можеби, се наѕира поинтензивна соработка помеѓу земјите од еврозоната и Кина… Ова, секако заслужува внимание.

На крајот, сакам да се навратам на домашните случувања во економијата. Имено, на мисла сум, како да не помина ни седум дена од претходното писание (верувам засенето од минатонеделните случувања), а се појавува потреба од повторно актуализирање на тезите и аргументите во насока на кондицијата на македонскиот банкарски систем.

За таа цел, еве повторно, силно ќе подвлечам дека треба да се биде внимателен во оценките на македонската економија за 2021 година, токму поради причинителите кои погоре ги наведов, а се однесуваа на состојбите во Германија, како наш најголем трговски партнер со значаен импулс врз домашната економија. Во овој период, охрабрувачки, за економијата е перформансот кој го испорачуваат македонските банки. Имено, тој е одличен, како што и пишувам во повеќе наврати наназад. Но, преку ова писание упатувам ЗАМОЛНИЦА за внимателност при давање на јавни коментари за банкарскиот сектор, особено во контекст на неговата кондиција. Поточно, би подвлекол дека не смееме да даваме лесно, слободни писанија и јавни коментари за состојбите на депозитите или кредитирањето на банките, а за тоа, претходно, да не сме се повикале на официјалните извори, како што се: НБРСМ, Министерство за финансии и сл. Да не се разбере погрешно, јас не говорам дека се е идеално во оваа индустрија – банкарство, но мора да знаеме сите, таа е една од највеќе регулираните професии во системот наречен „држава“. Ако го потцениме тоа, ќе ја потцениме и државата.

Во насока на ова, еве неколки значајни факти, од официјални извори, за стабилните состојби кај македонските банки (некои ќе ги повторам со намера):

Прво, во монетарниот систем постои добра синхронизираност во носењето и имплементација на банкарските прописи;

Второ, за 2021 година, оценката на монетарната статистика вели дека кредитниот пазар упатува на добра кредитна активност и задржување на солидни стапки на раст во наредните три години. Оттука, вкупните депозити, во јануари, 2021 година се зголемени за 6,3% со еднаков раст на депозитите на домаќинствата и корпоративниот сектор. Таквиот раст е пратен и кај кредитирањето на банките (лани беше со раст од 4,6%).

Трето, за 2020 година, билансите на банките (збирно за сите) покажуваат состојба на капиталните сопствени средства во износ од 1,14 милијарди евра или тие (сите банки заедно) имаат за 53% повеќе сопствени средства од потребно бараниот капитал на регулаторот (НБРСМ); и

Четврто, од претходиот факт, погоре, се констатира јасна состојба на висока солвентност кај сите банки, што алудира дека слободните средства во нивниот капитал се далеку над потребниот минимум, и тоа (за сите 14 банки) повеќе од 601 милион евра се вишок.

Според ова, копнежот за ослободување од состојбите, кај народот, ќе опстојува и понатаму, во целата оваа година, но нема причина за страв, тука мислам на оние иматели на депозити, па и за сите останати граѓани. Во тој контекст, упатувам силна порака за сите штедачи: БИДЕТЕ СИГУРНИ ВО МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СИСТЕМ. ТОЈ Е СТАБИЛЕН!

За ваквата анализа на економијата и охрабрувачките размисли, особено во 2022 година, се наметнува коментар за политиката на монетарна стимулација. Дали има, и што значи тоа?

П.С. Оваа анализа ќе остане за наредната колумна во „Фактор“.

ПРОДОЛЖУВА…

проф. д-р Синиша Наумоски,

директор на АБИТ и сертифициран професор за контролинг на германската високообразовна установа во Скопје – Хајделберг Институт

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com