Lamborghini Aventador официјално замина во пензија и се чека неговиот наследник, а на пазарот сега е достапен и еден фантастичњн примерок на овој модел…
Станува збор за модел LP750-4 SV кој има поминато само 127 километри, а се карактеризира со прекрасна виолетова боја која му оддава почит на легендарниот модел Diablo.

Тоа е всушност историската боја SE30 Viola која не само што изгледа одлично, туку е директно поврзана со Lamborghini Diablo SE30 од 1994 година, бидејќи се појави кога се појави и овој модел.
Бојата беше доделена на специјалното издание на Diablo, кое ја одбележа 30-годишнината на брендот.

Само 150 единици Diablo се обоени во боја SE30 Viola, а до 15 од нив имаат посебни Jota спецификации кои, меѓу другото, овозможуваат моќ од 595 КС.
Aventador кој се најде во продажба носи уште една посебна ознака, а тоа е SV или Super Veloce.

Таа номенклатура е резервирана за подобра верзија која има полесни материјали и поголема цврстина.
Ова важи и во овој случај, бидејќи стандардниот Aventador од 2017 година развива 691 КС, додека SV испорачува 740 КС.

Автомобилот е во сопственост на поранешен дистрибутер на Lmborghini во Канада, а евидентно е дека тој се грижел за автомобилот и дека го возел исклучително ретко и кратко време.

Аукцијата завршува наскоро, а највисоката понуда во моментов е 500.000 долари.