Винисиус Жуниор стана еден од најважните играчи на Реал Мадрид, а дел од шпанските медиуми тврдат дека решил да го прифати предлогот за промена на бројот на дресот.
Овие најави велат дека Бразилецот од следната сезона ќе биде нова „седумка“ на Реал, надевајќи се дека ќе ги повтори успесите и бројките на играчи како Кристијано Роналдо и Раул Гонзалес.
Новиот бренд „ВЈ7“ ќе има свое значење и од бизнис аспект, а Винисиус ја прифатил ваквата опција иако е веќе емотивно поврзан со бројот 20, со кој се издвои како еден од најдобрите светски фудбалери на својата позиција.
Винисиус го носи истиот број откако дојде во Реал, исто како и во неговиот претходен клуб Фламенго.
Актуелен сопственик на „седумката“ е Еден Азар, но се чини дека Белгиецот ја игра последната сезона и Реал по секоја цена ќе сака да се раздели со него во текот на летото.