Home » Вил Смит во видео-порака се извини за шлаканицата на Оскарите

Вил Смит во видео-порака се извини за шлаканицата на Оскарите

by Журнал.мк

Американскиот актер Вил Смит се извини за шлаканицата на водителот и комичар Крис Рок, четири месеци откако со тој чин ја шокираше публиката на доделувањето на Оскарите и милионскиот телевизиски аудиториум ширум светот.

„Во текот на последните неколку месеци многу размислував и работев на себеси. Поставивте многу исправни прашања за коишто сакав да си земам време да одговорам“, пишува на почетокот на видеото кој актерот го објави на својот профил на Facebook.

Вил Смит потоа седнува на столче и го започнува речиси шестминутното обраќање во кое му се извинува на Крис Рок за кого рече дека „сѐ уште не подготвен да разговарам со нега“, но и на неговата мајка и на семејството.

„Не сфатив колку луѓе повредив во тој момент“, вели 53-годишниот актер.

Смит вели дека не му се извинил на Рик веднаш, во текот на примањето на Оскарот за улогата во филмот „Краљ Ричард“, бидејќи тогаш бил „надвор од себеси“.

Смит му влепи шлаканица на Рок, кој ја водеше церемонијата, поради шегата на сметка на неговата сопруга којашто боледува од алопеција.

За инцидентот од 27-ми март почна да зборува и самиот Рок, кој долго молчеше за темата. Најмногу за тоа зборуваше минатиот викенд во текот на стенд-ап настап во Њу Џерси.

„Секој кој тврди дека зборовите болат никогаш не добил шлаканица“, рече тогаш Рок додавајќи дека не се смета за жртва.

Смит во видео-пораката вели дека три месеца размислувал за „комплексноста на тој момент“, и додава Дека „не постои дел од него кој смета дека тоа било исправно однесување“.

На Вил Смит, поради инцидентот, му е забрането присуство на кој и да е настан на американската филмска академија во следните десет години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk