13 C
Skopje
Tuesday, April 13, 2021

Вилијан сака да остане во Челси

Најчитани вести

Бразилскиот репрезентативец Вилијан рекол дека во јануари нема да преговара со други клубови иако не е сигурен дали Челси ќе му понуди нов договор. Актуелниот договор на Вилијан истекува на крајот од сезоната.

Челниците на Челси сè уште не се изјасниле дали ќе му понудат нов договор на Вилијан, што значи дека тој во јануари може да преговара со заинтересираните клубови.

„Не сакам да разговарам со други тимови, имам договор до крајот на сезоната“, рекол Бразилецот.

Јас сум играч на Челси, челниците точно знаат што сакам во овој момент. Среќен сум овде, но сепак на крајот ќе решат клупските челници“, заклучил 31-годишниот фудбалер.

Вилијан е играч на Челси од 2013 година, претходно играше во Шахтјор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести