Дејвид и Викторија Бекам прославија 20 години брак и тоа со приватна, романтична турнеја низ Версајскиот дворец во Франција.
Парот на Инстаграм сподели фотки од романтичното патување, на кои Викторија носи бел сатенски миди фустан, додека Дејвид е дотеран во класично црно одело.
Се пофалија и со скап шампањ и специјалитет од тартуфи, но и се пошегуваа дека со задоволство би се преселиле да живеат во дворецот.
Како Бекамови ја прославија љубовта која е крунисана со брак веќе 20 години./crnobelo.com









