Home » Викторија и Дејвид Бекам на одмор во Дубровник: Сместени во хотел каде ноќевање чини 1.400 евра!

Викторија и Дејвид Бекам на одмор во Дубровник: Сместени во хотел каде ноќевање чини 1.400 евра!

by Журнал.мк

Познатта дизајнерка Викторија Бекам и нејзиниот сопруг фудбалерот Дејвид Бекам веќе неколку дена се на одмор во Хрватска.

Како што пишува „Дубровнички дневник“, познатиот пар во областа Дубровник ја прослави 23-годишнината од бракот и роденденот на ќерката Харпер.

Бекамови се наоѓаат во луксузниот комплекс „Лопуд 1483“ на островот Лопуд. Тие на социјалните мрежи објавија фотографии од роденденската прослава.

„Среќен роденден, Харпер“ – пишува покрај фотографија од девојчето кое позира со голема розова торта во ресторанот.

Луксузниот имот на кој се одмора славниот пар некогаш бил манастир. Го реновирала грофицата Франческа фон Хабсбург и направила комбинација од музеј, елегантен бутик хотел и духовно светилиште на 21 век заедно со црква, камбанарија и романескен манастир, а Светата градина е дел од комплексот.

Денес тој е едно од најпознатите и најпопуларните места на Јадранот.

Цената на едно ноќевање во комплексот на Лопуд е околу 1.400 евра, додека наем за десет лица изнесува 10.000 евра.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More