13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Викторија и Дејвид Бекам ги крстија децата, а кума им беше Ева Лонгорија!

Најчитани вести

Еден од најславните парови, Викторија (45) и Дејвид Бекам (44), ги крстија синот Круз (14) и ќерката Харпер (8), а кумови им се Ева Лонгорија и режисерот Гај Ричи.

„Денес сум многу горда, бидејќи Харпер и Круз беа крстени пред нашите пријатели и семејството. Не можам да бидам погорда на своите деца, благодарна сум на своето семејство и на прекрасните кумови. Ве сакаме Ева, Кен, Марк и Дејвид“, напиша Викторија на друштвените мрежи окрај сликата од крштевката.

На сликата со Бекамови се и пејачот Марк Ентони (51), како и двајцата постари синови Ромео и Бруклин, кои се веќе крстени, а чиј кум бил нивниот долгогодишен пријател, музичарот Елтон Џон.

„Огромна чест ми е што сум кума на најслаткото девојче на светот. Те сакам Харпер“, напиша Ева Лонгорија покрај истата слика на својот инстаграм-профил.

Марк Ентони и Дејвид Бекам подоцна прекрасно се забавуваа на прославата, а Викторија се запраша: „Дали постои нешто што господинот Бекам не умее да го направи?!“.

Instagram

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com