Home »  Викторија Бекам не може да ја поднесе новата снаа, тврдат медиумите (ФОТО)

 Викторија Бекам не може да ја поднесе новата снаа, тврдат медиумите (ФОТО)

by Журнал.мк

Американските медиуми јавуваат дека Викторија Бекам и нејзината снаа Никола Пелц се во војна.

Page Six наведува дека Викторија не била задоволна од љубовниот избор на нејзиниот син Бруклин, а додаваат и дека Никола не и дозволила да се вклучи во планирањето на свадбата. „Не се поднесуваат и не разговараат. Планирањето на венчавката се одвивало во страшна атмосфера“, изјавил извор близок до семејството за Page Six.

“Никола не сакаше нејзината идна свекрва да има никаква врска со планирањето на свадбата и не сакаше да ја вовлече во ништо. Комуникацијата беше минимална”, рекол истиот извор, додавајќи дека ниту Викторија ниту Дејвид Бекам премногу не зборувале со Бруклин во изминатите неколку месеци.

Page Six пишува дека можната причина за раздорот е тоа што Никола е љубоморна на вниманието кое Викторија секогаш го добива и не сакала истото да се случи на денот на нејзината венчавка.

Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа во април оваа година во Палм Бич, Флорида. Венчавката се одржала на семејниот имот на семејството Пелц, а за неа наводно биле потрошени над 3,5 милиони долари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk