23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Викторија Бекам и напиша писмо на идната себе и откри зошто ги напуштила „Spice Girls“

Најчитани вести

И, таа исто така сподели тајни за успешен брак и младешка кожа

Во писмото што Викторија Бекам го напиша за британски Vogue, таа се обрати на идната себе за која се надева дека ќе биде помудра. Гледајќи наназад на 2020 година, што беше предизвик дури и за неа, таа е благодарна за времето поминато со семејството, но и за лекциите што ќе и траат цел живот. Водење моден бренд за време на пандемија сигурно не беше лесно, но Викторија верува дека искуството ќе и помогне да се развие во иднина. Таа на идната Викторија и кажува “да работи напорно и да биде љубезна”.

Викторија ја сподели и својата тајна за добар брак, кој трае 22 години, за светот на шоу-бизнисот рекордна година: „Секогаш чувајте барем малку мистерија. Облечете одличен фустан и направи некој smokey-eye“.

А што е со тајната на добриот тен? Викторија се бореше со акните во својата младост, но денес нејзината кожа изгледа беспрекорно, а на 47-годишна возраст нема скоро никакви брчки. Сјајниот тен го објаснува со употреба на серум и навлажнувачки крем, но посочува: задолжително се применува заштитен фактор секој ден!

Во писмото, таа се присети и на еден момент кој и го променил животот: Гледајќи го Елтон Џон како ја изведува „Tiny Dancer“ како за прв пат, сфати дека иако нејзиниот настап е забавен, тоа не е нејзината страст и реши да ги напушти Spice Girls. Иако е успешна во светот на модата и козметиката, таа призна дека сè уште реинвестира и ни даде навестување дека подготвува повеќе изненадувања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести