Српската пејачка Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташке славеа Свети Никола во новиот дом, односно луксузниот стан на Белград на вода.
Парот прославата за вселувањето во новиот дом ја споил со прославата за славата.
Меѓу гостите биле директорот на „Гранд“ продукција Саша Поповиќ со сопругата Сузана Јовановиќ, пејачот Бобан Рајовиќ, пејачката Јана, но и Лепа Брена, која заслужила почесно место на чело на софрата.
Веселбата траела до доцна, а домаќинката атмосферата ја поделила со своите фанови.