Според италијанскиот производител Lamborghini, нивниот Aventador SV од нула до „стотка“ стигнува за 2,9 секунди, а сега се најде во драг битка со Ferrari и Porsche. Кога станува збор за „сонародникот“ на Lamborghini, треба да се напомене дека ова не е обичен Ferrari, туку станува збор за 488 Pista Piloti, модел кој е резервиран само за клиентите кои се поврзани со мотоспорт активностите на производителот од Маранело.
Овој модел се напојува со битурбо 3,9-литарски V8 кој испорачува 720 КС и 770 Nm. Третиот учесник во трката е Porsche 911 TUrbo S чиј мотор испорачува 800 КС и 950 Nm максимален вртежен момент, а моќноста се испраќа на сите четири тркала.