21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Викенд во иднина ќе ги бојкотира наградите „Греми“

Најчитани вести

Викенд соопшти дека тој ќе ги бојкотира идните награди „ГРеми“ откако беше изоставен за номинации за оваа година.

Канадската поп-sвезда, чиј сингл Blinding Lights беше најпродаван во светот минатата година, не се најде во потесниот избор за ниту една награда.

Тој подоцна недостигот на признание го квалификува како „напад“.

Во новата изјава во пресрет на церемонијата во недела, пејачот рече: „Повеќе нема да дозволам мојата издавачка куќа да ја доставува мојата музика до Греми“.

Тој рече дека ќе остане отсутен од настанот “сè додека Рекординг академијата не се ослободи од тајните одбори кои одлучуваат за многу од номинациите“.

Американската „Рекординг академија“ – составена од музичари, продуценти и други музички професионалци – секоја година доделува награди „Греми“ за достигнувања во музичката индустрија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести