20.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Викендов изменет сообраќаен режим во Скопје поради автомобилска трка

Најчитани вести

Овој викенд, 26 и 27 октомври, во периодот од 7 до 17 часот, во организација на Автомобилистичка федерација ќе се одржи меѓународен кружен натпревар во автомобилизам ФИА – ЦЕЗ Награда на град Скопје „Скопје 2019“.

Натпреварот ќе се одвива на потегот од крстосницата помеѓу бул. Крсте Петков Мисирков и бул. Гоце Делчев, право до крстосницата помеѓу бул. Гоце Делчев и ул. Беласица, до надвозникот на железничката пруга на исток, северно продолжува до кружниот тек, јужно до крстосницата помеѓу улиците Владимир Комаров и Беласица.

Од тие причини одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com