Home » Виетнамскиот министер за здравство е уапсен поради пумпање на цени на тестови за Ковид

Виетнамскиот министер за здравство е уапсен поради пумпање на цени на тестови за Ковид

by Журнал.мк

Виетнамскиот министер за здравство Нгујен Тан Лонг и градоначалникот на Ханој Чу Нгок Ан се уапсени во истрага за вештачко зголемување на цените на тестови за ковид.

Нгуен Тан Лонг е сменет од министерската функција, а Чу Нгук Ан, поранешен министер за наука е сменет од функцијата градоначалник, јавија виетнамските медиуми. Истрагата против нив се заснова на сомнежи за злоупотреба на службената положба. И двајцата се исклучени од владејачката виетнамска комунистичка партија.

Истражните органи претходно открија дека Министерството за здравство и Министерството за наука и дозволиле на „Виет А Технолоџи“ (Viet A Technology) да ги напумпа цените за комплетите за тестирање за Ковид доставени до болниците и здравствените центри во Виетнам.

Речиси 60 лица се приведени или се под истрага во врска со случајот, вклучувајќи министерски службеници, здравствени експерти и виетнамски армиски генерали.

Извршниот директор на „Виет А“ беше уапсен во декември. Тој признал дека компанијата продавала комплет со тест за ковид по цена од околу 20 долари, што е 45 отсто поскапо од првичната цена на комплетот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More