20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

ВИДЕО: Xiaomi претстави функционален хуманоиден робот

Најчитани вести

Xiaomi го престигна Tesla со претставување на прототип на целосно функционален хуманоиден робот.

Добивај вести на вибер
Станува збор за робот наречен Xiaomi CyberOne, кој е висок 177 cm и тежок 52 kg, а прекарот му е Metal Bro. Тој дури има и хороскопски знак, а тоа е лав.

За време на презентацијата, Metal Bro се прошета низ сцената и му подари цвет на директорот на Xiaomi, Леи Џун. Потоа позираше за селфи со човекот одговорен за неговото постоење. На крајот, роботот излегол од местото на настанот.

CyberOne е вториот производ од Xiaomi Robotics Lab откако го видовме роботското куче CyberDog во август минатата година. Хуманоидната машина има лице во форма на заоблен OLED панел, го гледа светот во 3D формат и може да „слуша“ благодарение на два микрофони и да идентификува „85 видови звуци во околината и 45 класификации на човечки емоции“.

Неговото тело се состои од 13 зглобови, неговите движења се прецизни, но сепак не толку агилни како роботот Atlac од Boston Dynamics.

Се вели дека роботот е опремен со напредни раце и нозе, кои зависат од помоќните мотори вградени во зглобовите. Исто така, користи балансирање на движење со две нозе, кое е контролирано од алгоритам создаден од Xiaomi. Ова му овозможува на роботот да држи предмети со тежина до 1,5 килограми во едната рака.

Сегашната цена на роботот е помеѓу 89.000 и 104.000 долари, а на компанијата ќе и треба повеќе време за да го подготви Metal Bro за масовно производство. Xiaomi исто така планира да додаде нови можности на својот прв хуманоиден робот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com