Бијонсе конечно го објави долгоочекуваниот албум „Renaissance“, а во песните од ова издание проговори за изневерувањето на нејзиниот сопруг Џеј Зи, но и за скандалот со Мет Гала и неговата кавга со сестрата на пејачката, Соланж.
Бијонсе во четвртокот на полноќ го објави својот долгоочекуван седми студиски албум „Renaissance“, на големо задоволство на нејзините обожаватели откако беше обелоденет два дена претходно.
Во серија песни, таа се осврнала на нејзината 21-годишна врска со раперот Џеј Зи со пораки дека „никој не е совршен“ и инсистирала на тоа дека „не им треба прифаќање од светот“.
Бијонсе првпат јавно проговори за неверството на нејзиниот сопруг во нејзиниот визуелен албум „Lemonade“ од 2016. година, спомнувајќи друга жена.
Следната година, самиот Џеј Зи се осврна на скандалот, тврдејќи дека „влегол во режим на преживување“ и морал „емоционално да се исклучи“, што резултирало со неверство.
Во „Plastic On The Sofa“, Бијонсе вели: „Не ни треба прифаќањето на светот. Тие се премногу строги со мене, тие се премногу строги кон тебе, момче“.
„И знам дека никој не е совршен, па ќе те оставам да постоиш, ќе те оставам да постоиш“, продолжува текстот.
Бијонсе го споменува и скандалот со нејзиниот сопруг и сестрата Соланж.
На Мет Гала во 2014. година, Соланж била снимена како го напаѓа Џеј Зи во лифт на Мет Гала, што тие во дополнително соопштение го нарекле „приватно семејно прашање“.