Home » (Видео) „Ford“ го претставува најмоќниот „Mustang“ во историјата! Има 800 коњски сили и смее да се вози на улица

(Видео) „Ford“ го претставува најмоќниот „Mustang“ во историјата! Има 800 коњски сили и смее да се вози на улица

by Lina Muslija

Доколку сте фан на „Volkswagen“ кратенката „GTD“ ќе ве одведе во сосема друга насока. Тука буквално станува збор за тркачки автомобил од класата „IMSA GTD“, а кој одговара на „FIA GT3“ спецификациите. А овој „Mustang“ е навистина тркачки автомобили, кој според случајноста смее да вози и по улиците.

Опремен со адаптивна тркачка шасија и елементи на активна аеродинамика, овој автомобил е придвижуван од мотор кој сега испорачува повеќе од 800 коњски сили. Спротивно од најавите, моторот 5,2 V8 не е поставен централно, туку е оставен пред возачот. Најмоќниот „Mustang“ во историјата добива и титаниумски издуван систем, а црвената зона е на само 7.500 вртежи во минута.

Распоредот на масата е идеален, 50:50, со менувачот поставен од позади. Станува збор за осумстепенски менувач со две спојки. Треба да се спомене и големото користење на карбон, со цел оптимизација на масата на возилото. Целта е јасна, а тоа е да се совлада круг на Нирбургринг со време далеку под седум минути.

За овој автомобил од „Ford“ ќе бараат околу 300.000 долари, а првите испораки се очекуваат кон крајот на следната година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More