Home » (Видео) „BMW“ ја сними „The Calm“, најтивката филмска потера во историјата

(Видео) „BMW“ ја сними „The Calm“, најтивката филмска потера во историјата

by Lina Muslija

Отсуството на соодветен звук е еден од главните недостатоци на електричните спортски автомобили, според мислењето на октанските вљубеници.

Во „BMW“ настојуваат тоа да го поправат, па дури и го ангажирале двојниот добитник на Оскар, Ханс Цимер да создаде соодветен звучен пејзаж на баварските електрични модели.

Еден од нив е „BMW i7 M70“, најпрестижниот електричен модел на „BMW“, но и еден од технолошки најмодерните автомобили на денешницата.

Автомобилот сега ја започнува промотивната кампања, а со таа цел „BMW“ за првиот ден од филмскиот фестивал во Кан подготви краткометражен филм со наслов „The Calm“.

Во овој акциски филм главни протагонисти се Пом Клементиеф, Ума Турман и Нејт Пери, секако, покрај оваа лимузина на „BMW“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk