Home » (Видео) Џенан Лончаревиќ го препеа хитот на ДНК, „Ако утре ме нема“

(Видео) Џенан Лончаревиќ го препеа хитот на ДНК, „Ако утре ме нема“

by Журнал.мк

Пејачот Џенан Лончаревиќ на српски го препеа хитот на ДНК и Џамбо Агушев, „Ако утре ме нема“. Песната до Џенан стигнала преку нивниот заеднички колега и пријател, Сергеј Ќетковиќ.

„Сергеј беше воодушевен од песната, ми ја пушти да ја слушнам и веќе немаше простор за дискусија зашто знаев дека морам да ја снимам. Веднаш стапив во контакт со Панчо и за кратко бев кај Лазар Цветкоски во студио. Добивме одличен финален производ за кој добивам само позитивни реакции. Им благодарам и на Панчо и на Андреј што несебично ме поддржаа во желбата да снимам своја верзија на „Ако утре ме нема“, вели Лончаревиќ.

Музиката за песната е на Панчо и Лазар, препевот на српската верзија го направи Ќетковиќ, а Џенан ја сними во студиото на Цветковски во Тетово.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk