-9.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

(ВИДЕО) Џелал Хоџиќ нов претседател на СДА: На локалните избори ќе коалицираме со СДСМ

Најчитани вести

Партијата Странка на Демократска акција на Македонија (СДА) одржа конгрес на кој го избра Џелал Хоџиќ за нов претседател.

„Ние, како ново раководство, чувствуваме голема одговорност да ја поведеме СДА, како најважна политичка партија на Бошњаците во Република Северна Македонија, низ политичките процеси, во нови политички битки и нови политички победи.
Новото раководство, преку СДА, има за цел да донесе нов квалитет и свежина на политичката сцена во нашата држава. Ќе го подигнеме нивото на комуникација со јавноста, со политичките партнери, но и со политичките противници. Членството во НАТО на Република Северна Македонија, остварено преку Преспанскиот договор ќе го вреднуваме како стратешки интерес на државата, а патот кон ЕУ како голема обврска кон сегашните и идните генерации. Сметаме дека процесите на демократизација во нашето општество создаваат можност за фер политички натпревар во идеите за развој на државата и подобар живот на сите граѓани, без разлика на етничката и верската припадност“, изјави претседателот на СДА, Џељал Хоџиќ.

Тој вели дека како најголема и историски најзначајна партија на Бошњаците, СДА и понатаму ќе се залага за реализација на правата на бошњачката заедница.

„Политички партнерства ќе градиме со прогресивните политички сили, а наши политички опоненти ќе бидат популистите и оние кои земаат примери од авторитарните режими. Пред нас се локалните избори, а СДА како автентична бошњачка партија ќе ја подржи најдобрата понуда за сите граѓани. Посебно ќе се вклучиме со поддршка во оние места каде што живеат Бошњаците. Врз основа на сработеното во изминатите четири години за бошњачката заедница, новото раководство на СДА нема дилема дека треба да коалицира со СДСМ и политиката на премиерот Зоран Заев“, вели Хоџиќ.

Според него, новата коалиција помеѓу СДА и СДСМ претставува позитивен пресврт, кој ќе донесе добро за Бошњаците, но и за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Меѓу аргументите кои ги наведе за ваквата одлука е воведената редовна настава на босански јазик во образовниот процес, патувањето во БиХ само со лични карти, взаемно признатите возачки дозволи меѓу земјите.

„После локалните избори со премиерот Заев ќе разговараме за учество и во коалицијата и на државно ниво, со цел да продолжи овој позитивен тренд за бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На сите членови и симпатизери на СДА им порачувам дека заедно ќе влеземе во нови политички битки и во нови политички победи на кои ќе можат да бидат горди. СДА е силата на Бошњачкиот народ“, рече Хоџиќ.

Pres-konferencija 31.08.2021

Posted by Dzelal Hodzic – Dzeljo on Tuesday, August 31, 2021

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com