Home » Видео-фото: Пристигна новиот „Renault Austral“

Видео-фото: Пристигна новиот „Renault Austral“

by Журнал.мк

„Austral“ е третиот модел од брендот „Renault“ кој се приклучува на битката за клиенти во автомобилскиот сегмент „C“, по купе-кросоверот „Arkan/Megane Conquest“ и електричниот модел „Megane E-Tech“.

Под „површината“ има повеќе заедничко со првиот отколку со вториот од овие автомобили, благодарение на хибридните погони и отсуството на чиста електрична опција.

Основан врз третата генерација на механичка платформа „CMF-CD“ на „Renault-Nissan“ групацијата, „Austral“ нуди превоз за пет возрасни патници, спакуван во поатрактивна каросерија во споредба со „Kadjar“.

„Austral“ е стандардно опремен со тркала од 17 инчи (20 инчни се опционални), додека внатрешноста изгледа модерно, во согласност со трендот на дигитализирање на кокпитот.

Мултимедијалниот систем може опционално да се спои со премиум аудио систем „Harman Kardon“.

Што се однесува до механичките карактеристики, важно е да се напомене дека поскапите модели на “Austral ‘доаѓаат со погон на сите тркала што обезбедува дијаметарот на полукружното вртење да биде 10,1 метри.

На клиентите им се достапни и верзии со погон на предните тркала. Има три погонски единици.

Основниот мотор е „лесен“ хибрид кој се состои од 1,3-литарски четирицилиндричен бензински мотор поврзан со 12V литиум-јонска батерија.

Обезбедува 140 КС во верзијата со рачен менувач или 160 КС со опционален автоматски.

Моторот „Mild Hybrid Advanced“, кој е едно скалило погоре на скалата, е понов и „позелен“ и, како што тврди „Renault“, е вистинска алтернатива на дизелот, чија продажба се повеќе опаѓа во Европа. Затоа се работи за 1,2-литарски трицилиндричен мотор со 48 V литиум-јонска батерија, кој развива 130 КС.

„Најчистиот“ од сите е класичниот хибрид „E-Tech“. Повторно, има 1,2-литарски бензински мотор со три цилиндри, потпомогнат од еден електричен мотор, плус високонапонски стартер-генератор за палење на моторот со внатрешно согорување и полнење на батеријата.

Хибридот е достапен со 160 КС и 200 КС, а „Renault“ наведува дека „Austral E-Tech “има способност да поминува 80 отсто од своето време на градските патишта во целосно електричен режим, што значи дека троши 40 отсто помалку гориво од конвенционалниот кросовер со мотор на внатрешно согорување.

Ако има негативна страна на целосниот хибрид, освен повисоката цена, тоа е просторот за багажник. Додека „лесните“хибриди нудат зафатнина од 500 литри во багажникот, кај класичниот хибрид таа е намалена на 430 литри.

Цените за овој модел се уште не се објавени, а ќе бидат познати пред лансирањето на моделот на пазарот, што ќе се случи кон крајот на годинава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk