16 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Видео-Фото: Ким свечено го отвори новиот град

Најчитани вести

Со голема прослава, која вклучувала и огномет, пресекување на лента и овации, Северна Кореја го одбележа завршувањето на новиот град.Се работи за градежнички проект на лидерот Ким Џонг Ун. Новито град Самџијот се наоѓа во близина на светата планина Паекту, од каде, според севернокорејските медиуми потекнува семејството на лидерот. Според легендата, ова место претставува и колевка на корејската нација.

Градот Самџијон е замислен како „социјалистичка утопија“ со нови апартмани, хотели, скијачки патеки и други комерцијални, културни и здравствени објекти, пренесува „Ројтерс“. Медиумите овој проект го опишуваат како „олицетворение на модерната цивилизација“.

Како што наведува севернокорејската државна агенција „КЦНА“, во тој град можат да се сместат 4.000 семејства,а од содржини им се достапни музеј посветен на револуционерните активности како и стадион за тренирање на зимски спортови. Покрај 10.000 станбени единици, Самџијон поседува и нова железничка линија и фабрика за обработка на боровинки и компир.

Портпаролот на владеачката партија Родонг Синмун објави фотоградии на кои се гледа како Ким се смешка додека ја пресекува лентата на церемонијата во градо, чии згради се прекриени со снег.

Градот сепак не е изграден од темел.Ким го посетил градот Самџијон точно пред две години, кога прв пат најавил голем проект за „обнова“.Некои згради се преуредени, додека многу други се срушени и заменети со нови станбени единици.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести