27.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

(Видео) Уапсена банда која на спектакуларен начин се обидела да украде злато во Венеција

Најчитани вести

Во координирана полициска акција ширум Европа вчера беа уапсени осум лица поврзани со обид за драматичен грабеж на златарница во Венеција во 2017 година.

Осум осомничени се уапсени во Австрија, Естонија и Финска и припаѓаат на банда од Естонија, специјализирана за грабеж на луксузни европски продавници за накит, јави АФП, повикувајќи се на италијанската полиција.

Во март 2017 година, членовите на бандата активирале димни бомби на плоштадот Свети Марко во Венеција, обидувајќи се да го привлечат вниманието на јавноста и полицијата, пред упадот во златарницата.

Но, грабежот останал само обид бидејќи еден турист ја предупредил блиската полициска патрола, по што вооружените разбојници побегнале.

Снимките објавени од италијанската полиција покажуваат како осомничен става димна бомба во подножјето на камбанаријата на плоштадот Свети Марко и ги испаничил туристите кои бегаат од местото на настанот откако почнал да се крева густ облак чад.

Друга димна бомба била поставена во блиската улица.

Веста за апсењето беше објавена вчера, по долготрајната истрага координирана од Европол.

Полицијата соопшти дека членовите на бандата се одговорни за три слични грабежи, на Корзика и во Австрија, во 2016 и 2017 година. Вредноста на украдениот плен се проценува на милион евра.

Меѓу уапсените е и водачот на бандата, кој се криел во Финска. Италијанската агенција АГИ наведува дека тој веќе бил осуден за разбојништво, но и убиство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести