Американските медиуми објавија дека најмалку три лица се убиени при пукање во супермаркетот „Волмарт“ во местото Данкан во Оклахома.
Од локалната полиција за „Ју-Ес-Еј тудеј“ изјавиле дека полицијата е на местото на настанот.
Полициски извори тврдат дека три лица се убиени, меѓу кои и напаѓачот.
Училиштата во градот се затворени.
Други детали засега не се познати