Home » (Видео) Таткото беше толку загледан во мобилниот телефон што не забележа дека неговото дете истури кафе врз себе

(Видео) Таткото беше толку загледан во мобилниот телефон што не забележа дека неговото дете истури кафе врз себе

by Lina Muslija

На интернет се шири снимка од татко кој бил толку загледан во телефонот што не го ни забележал своето дете како зема кафе од масата пред него.

Кајли Бурчард сподели видео од инцидентот на „TikTok“ и се пошегува дека „ова се случува кога вашиот партнер ќе каже дека ќе стане наутро и ќе биде со бебето за да можете малку да поспиете“.

„Бебето во дубалка најпрво отиде до таткото кој седеше на каучот и гледаше во неговиот телефон. Потоа посегна по шолја кафе и се оддалечи од својот татко и се обиде да го испие пијалакот. Попат истура кафе врз себе, додека на крајот не ја испушти шолјата од раце и ја истури содржината на килимот. Таткото дури тогаш сфати што се случува, па го испушти мобилниот од рацете и дојде кај детето“.

Видеото предизвика многу критики во јавноста.

„Долги години сум самохран татко. Направив многу грешки, но никогаш не сум бил толку занесен во мојот телефон кога сум со моите деца“, коментира еден корисник на „TikTok“.

„Работам како медицинска сестра во итната медицинска помош и ова е една од ситуациите кога децата често доаѓаат кај нас со изгореници. Обратете внимание“, предупреди еден следбеничка во коментарите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More