14 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

(Видео) Спировска: Јакимовски е обвинет за незаконска легализација на објекти и земјиштето кај поранешен „Имес“

Најчитани вести

Се потврдува дека Стевчо Јакимовски и ВМРО – ДПМНЕ единствено што направиле за Општина Карпош било криминал, злоупотреба на службена положба и бесправно градење. Како што се вели и во обвинението на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Стевчо Јакимовски ја оштетил Општината за повеќе од 230 илјади евра, изјави Наталија Спировска, од СДСМ.

„Обвинението е за незаконска легализација на поранешните објекти на плац, а потоа и на земјиштето кај поранешниот ресторан „Имес“. Сепак, ако го погледнеме Извештајот на Државниот завод за ревизија, можеме да нотираме уште многу други прекршувања на законот кои Јакимовски и ДПМНЕ ги правеле во континуитет“, рече таа.

Според неа,  Јакимовски треба да одговара и за новата општинска зграда, во должина на бул. „Партизански одреди“

„Изградбата на административниот објект (нова општинска зграда) е врз основа на проект кој не е одобрен од страна на Советот на Општина Карпош, како и без изменето одобрение за градба што не е во согласност со Законот за градење и Одлуката за изградба на административен објект“, рече Спировска.

Исто така, додаде таа, направени се и повеќе измени на јавните набавки кои не се базираат на позициите предвидени во основниот проект.

Таа истакна дека претходно презентираниот извештај, нотирал и големи суми на народни, буџетски пари трошени на сомнителен начин и префрлани на сметката на кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“.

„Во 2016 година, исплатени се средства во износ од 38 милиони денари (618 илјади евра). За доделените средства, клубот нема дадено детални податоци за начинот на кој се потрошени.
Денеска, Општина Карпош е една од најзадолжените локални самоуправи. За финанансискиот колапс на Општината, во голема мера виновен е токму Јакимовски“, рече Спировска.

Таа рече дека во декември 2014, Општината донела одлука за долгорочно задолжување, подигнување на кредит од 160 милиони денари и дека иако намената на кредитот бил за тековни инфраструктурни проекти, всушност бил потрошен ненаменски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести