Ѕвездата на филмот „Барби“ Маргот Роби ги воодушеви обожавателите со својата изведба на најпознатата кукла на светот, а сега се појави видео кое го покажа скриениот талент на 33-годишната актерка за кој малкумина знаеја.
Имено, на социјалните мрежи повторно почна да кружи видео снимено минатата година за време на премиера во Амстердам, каде популарната актерка даваше автограми.
Во еден момент на Маргот и пришло глуво лице , а убавата актерката веднаш почнала да комуницира со него на знаковен јазик, на воодушевување на присутните.
Ниту најголемите обожаватели не знаеле дека познатата актерка научила знаковен јазик, а своето знаење го покажала на црвениот тепих за време на дружење со фановите.
Видеото ги воодушеви обожавателите и стана вирално и собра фантастични 7,7 милиони прегледи.