33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

(Видео) Снег, љубов и музика: Филхармонија испрати 24 илјади бакнежи за Денот на вљубените

Најчитани вести

Необичен начин за славење на Денот на љубовта и виното. Снегот и пандемијата не ја спречија Филхармонија да го одржи најавениот концерт „24 илјади бакнежи“ на 13. февруари, и да подари репертоар од љубовни евергрини.

Тенорот Благоја Нацоски, со интернационална кариера, кој дојде специјално за концертов од Италија, и вокалистката Светланата Јовановска, и го разнежнија срцето на публиката, додека хорот, балерината и диригентката Дијана Имери- Илкоска беа одлично надополнување на атмосферата. На сцената на Филхармонија можеа да се слушнат „Еден бакнеж“ на Нина Спирова, „Историја на една љубов“, „Убава Мариа“, „24.000 бачи“ и многу други љубовни песни. https://www.instagram.com/p/CLRWuHcL-jp/embed/captioned/?cr=1&v=13&wp=540&rd=https%3A%2F%2Finfo.mk&rp=%2Fzabava%2F%25D0%25B2%25D0%25B8%25D0%25B4%25D0%25B5%25D0%25BE-%25D1%2581%25D0%25BD%25D0%25B5%25D0%25B3-%25D1%2599%25D1%2583%25D0%25B1%25D0%25BE%25D0%25B2-%25D0%25B8-%25D0%25BC%25D1%2583%25D0%25B7%25D0%25B8%25D0%25BA%25D0%25B0-%25D1%2584%25D0%25B8%25D0%25BB%25D1%2585%25D0%25B0%25D1%2580%25D0%25BC%25D0%25BE%25D0%25BD%25D0%25B8%2F#%7B%22ci%22%3A0%2C%22os%22%3A2229%7D

Временските услови и лизгавиот терен не дозволија гламурозни стајлинзи, но важни беа аплаузите кои докажаа дека оркестарот, солистите, хорот, балерината и диригентката Имери- Илкоска завршија одлична работа.

Од Филхармонија споделија дел од атмосферата од концертот, во објавата „Магична вечер со многу љубов“, а на нивниот Јутуб канал го објавија и целиот концерт „24 илјади бакнежи“.

И солистите Светлана Јовановска и Благој Нацоски објавија фотографии од концертот.

„Колку убава вечер за мене. Колку оваа чудна година ми покажа и докажа дека не сум своја без музика.
Ви Благодарам на сите кои го проследивте концертот и ми дадовте момент на радост за кој секој уметник живее и постои. Секој миг за мене вчера беше чиста љубов.
Дијана Имери- Илкоска ти благодарам за безрезервната поддршка, неисцрпната енергија и мотивација. Ти си моја ѕвезда водилка, привилегија е да се работи под твое водство.
Благодарност Бејков за беспрекорната соработка, трпение и неминовен успех во наоѓањето на вистинската формула да звучам како што чувствувам.
И секако Тина, ти благодарам што ми ја препозна душата“, напиша Светлана.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести