14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

ВИДЕО: Семејството на црногорскиот премиер сака да ја напушти Србија поради инцидент со полицијата

Најчитани вести

Семејството на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ одлучило да ја напушти Србија поради наводен инцидент со тамошната полиција што се случил синоќа, пишува подгорички Вијести.

Но од МВР на Србија соопштија дека не е точно оти имало инцидент туку дека „полицијата постапувала професионално и во согаласност со законот ги извршила сите проверки притоа почитувајќи го достоинството на патниците во возилото“, стои во соопштението.

Вијести информацијата ја објавија повикувајќи се на извор близок до семејството Кривокапиќ кој им доставил снимка.

Имено, синот и ќерката на Кривокапиќ кои студираат во Белград биле сопрени од полицијата поради претходна дојава за поседување оружје. Откако полицијата итврдила дека синот на Кривокапиќ поседува пријавено оружје со дозвола, ги пуштила да заминат.

Инаку ќерките на Кривокапиќ, Јелена и Милена, кон крајот на јуни изјавија дека не се чувствуваат безбедно во Србија и дека се изложени на незапаметен медиумски линч. Потоа тие го напуштија Белград, но се вратија откако српскиот претседател Александар Вучиќ им порача дека се добредојдени да живеат во Србија и дека безбедноста ќе им биде гарантирана.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com