8.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

ВИДЕО | Селена Гомез се враќа на малите екрани: „Го предадов својот живот на „Дизни“ на многу мала возраст“

Најчитани вести

Селена Гомез ѝ се враќа на глумата првпат откако заврши „Wizards of Waverly Place“ во 2012 година, како една од главните улоги во „Only Murders in the Building“, заедно со Стив Мартин и Мартин Шорт.

На прашањето како се споредува нејзиното сегашно искуство со минатото, таа вели: „Го предадов својот живот на „Дизни“ на многу мала возраст и не знаев што правам“.

„Нивото на софистицираност на материјалот е главната причина зошто сакав да го работам ова“, вели Гомез за „Only Murders in the Building“, истакнувајќи дека кога била мала, „Не знаев што правам. Само трчав на снимање“.

„Убаво е што се вратив на телевизија и добро е што ликот и јас сме на иста возраст, што никогаш не се случува“, додаде Гомез. Подоцна, таа призна: „Не знам дали сум добра актерка. Јас само си ја работам работата“.

Гомез вели дека опкружувањето со живи легенди како Мартин и Шорт ја научило многу.
„Тие го прават ова подолго отколку што сум жива и би имала среќа да имам толку долга кариера“, додаде таа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com