Home »  (Видео) Ријана објави нова песна по шестгодишна пауза

 (Видео) Ријана објави нова песна по шестгодишна пауза

by Журнал.мк

По шестгодишна пауза Ријана објави нова песна насловена „Lift Me Up“.

Песната е снимена за филмот „Black Panther: Wakanda Forever“ кој следниот месец ќе почне да се прикажува во кината во САД.

Се истиот филм се очекува Ријана да сними уште една песна.

Пејачката својот последен албум го објави во 2016 година, по што одлучи да направи пауза од музиката и да се посвети на колекцијата шминки и долна облека.

Минатиот месец НФЛ најави дека Ријана ќе настапи на полувремето на Супер боул 2023 година.

За потсетување, пејачката и раперот АСАП Роки во мај станаа родители на момче чие име се уште не го открија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More