23.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

ВИДЕО: Ракитиќ „удри“ на своите, Севиља со два гола предност патува за „Камп Ноу“

Најчитани вести

Првиот меч од полуфиналето на Купот на Кралот донесе убава предност за Севиља во дуелот со Барселона (2-0).

Хулен Лопетеги го надмудри Роналдо Куман и успеа да ја задржи минималната предност, и покрај многуте напади и шанси на фаворитот од „Камп Ноу“. Дефанзувецот Кунде беше човек на одлука на денешната средба во Андалузија. Тој најпрво промаши, а потоа се поправи и со прецизен удар успеа да го совлада Тер-Штеген.

Следуваше реакција од каталонскиот тим, поточно од Лионел Меси. Најдобриот фудбалер на гостите се најде во неколку добри шанси, но не успеа да искористи ниту една. Неговите обиди завршуваа далеку од рамката од голот и не претставуваа голем проблем за голманот Боно.

Затоа поранешниот член на Барса, Иван Ракитиќ, казни во завршницата. Вторит гол за домаќинот пристигна во вистинско време, во 86. минута, кога Хрватот биеше под пречката, кога веќе немаше многу време за одговор од ривалот.

Реваншот се игра на 3 март, а тимот на Куман ќе има тешка задача да се избори за финалето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести