10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

(Видео) Протести против ковид мерките во Љубљана, откако почнаа да фрлаат со запалени факли, полицијата со солзавец и водени топови ги растера антиваксерите

Најчитани вести

Полицијата во Словенија со солзавец и водени топови синоќа успеа да растера дел од собраните антиваксери пред Собранието во Љубљана.

Голем број на луѓе во Словенија кои се противат на мерките за борба против коронавирсот, се собраа пред Собранието и побараа владата да си поднесе оставка. Тие велат дека не се задоволни од мерките кои владата ги предложила против ковид 19.

Протестот кој требаше да биде мирен, се претвори во инцидент. Некои од присутните почнаа да фрлаат факли кон Собранието и полицијата на плоштадот во „Република“ во Љубљана. Полицајците веднаш одговорја со солзавец и водени топови.

Антиваксерите рекоа бараат промена на мерките за контрола на вирусот „Ковид-19“ во препораки и предвремени избори. Иако организаторите на протестите повикаа на мирен собир, еден од толпата фрли шише кон полицијата.
Потоа групата се доближи до зградата на Собранието, по што полицијата мораше да реагира со поголемо обезбедување. Кога повеќе луѓе почнаа да фрлаат со факли кон Собранието на Словенија изгоре настрешницата на влезната врата.

Полицијата ја следеше состојбата и со хеликоптер од воздух кој леташе над Љубљана. Откако одговорија со солзавец и водените топови, дел од демонстрантите се повлекоа, додека другите продолжија да фрлаат со факли и камења на полициските автомобили.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com