Home » ВИДЕО: Пожар во Загреб, изгореа неколку автомобили

ВИДЕО: Пожар во Загреб, изгореа неколку автомобили

by Журнал.мк

Осум автомобили се оштетени во пожарот што синоќа избувна во Загреб.

Пожарникарите велат дека пожарот започнал од едно возило кое се запалило на паркингот, а потоа најверојатно почнало да се шири и кон други автомобили, пренесува ХРТ.

Осум пожарникари го гаснеа пожарот околу еден час. Истрагата ќе ја врши полицијата, а причината за пожарот се уште не е позната.

Пламени, звук од детонации и пожарни сирени ги шокираа жителите на зградата во Нови Загреб пред која синоќа изгореа неколку автомобили, пишува порталот „24сата“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More