-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

ВИДЕО: Пожари беснеат и во Алжир, над 40 загинати

Најчитани вести

Дваесет и пет војници загинаа во пожарот што повеќе од 24 часа беснее на северот од Алжир, соопшти синоќа претседателот Абделмаџид Тебун на Твитер, додавајќи дека вкупниот број на жртви изнесува 42 лица.

„Со голема тага, ја примив веста за мачеништвото на 25 војници, кои успеаја да спасат стотина граѓани од огнот во планините Бејаи и Тизо Оузоу“, напиша претседателот на Твитер, пренесуваат француските медиуми.

И премиерот Ајман Бенабдерахмане изјави дека смртно настрадале вкупно 42 лица, од кои 25 војници, пренесоа британските медиуми. Тој за државната телевизија изјави дека владата побарала меѓународна помош.

Алжирската Влада вчера соопшти дека пиромани се одговорни за десетиците шумски пожари во кои загинаа луѓе и се уништени куќи источно од главниот град.

Чад вчера се креваше од опожарената шума во близина на Тизи Оузоу, а жителите се обидуваа да го изгаснат со гранки и вода од канистри.

-Неколку куќи изгореа, а семејствата се евакуирани во хотели, хостели и универзитетски кампуси, изјави очевидец.

“Имавме ужасна ноќ. Мојата куќа изгоре целосно”, изјави Мохамед Качи, кој избегал со семејството од селото Азазге и привремено се сместил во хотел.

Министерот за внатрешни работи Камел Белџуд изјави дека истрагата ќе утврди кој е одговорен за пожарите.

-Само криминални раце можат да стојат зад педесет истовремени пожари низ провинцијата, рече министерот на државната телевизија.

Пожарникарите и војската се уште се обидуваат да ги стават пожарите под контрола, а Белџуд рече дека најважно е да се спречи загубата на човечки животи. Тој додаде дека жртвите ќе добијат обештетување.

Од понеделникот вечерта во 13 провинции низ земјата избувна помали шумски пожари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com